Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Тексас е првата американска држава со над милион заразени

Бројот на заболени од Ковид-19 во САД надмина 7 милиони
300x250 opst2

Тексас е првата американска држава во која бројот на заразени со коронавирус надмина еден милион.

Во целата земја, веќе три пати за помалку од една недела се потврдени над 100.000 нови случаи на ден, пренесува „Ројтерс“.

Да беше посебна држава, Тексас ќе беше рангиран на десеттото место во светот по вкупниот број на луѓе кои заболеле од Ковид-19. Оваа сојузна американска држава држи над десет проценти од вкупниот број случаи на коронавирус во САД

Според статистиката на „Ројтерс“, просечниот дневен број на нови инфекции во Тексас минатата недела бил околу 8.000, што е најголем во САД во споменатиот период, по што следи Илиноис со двојно помалку пријавени нови случаи на ден.

САД се најтешко погодени од пандемијата во светот, со над 9,8 милиони потврдени случаи и повеќе од 230.000 починати.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари