Утрински Весник
Свет

Твитер го блокира профилот на Доналд Трамп Џуниор, ширел лажни вести за ковид-19

Твитер го блокира профилот на Доналд Трамп Џуниор, ширел  лажни вести за ковид-19

Твитер на синот на американскиот претседател Доналд Трамп џуниор, му го ограничи пристапот на неговиот профил на оваа социјална мрежа, по проценката дека со негова објава ги нарушил прописите за сузбивање на дезинформациите поврзани со болеста на ковид-19.

На најстариот син на претседателот Доналд Трамп, пристапот на Твитер му е забранет во траење од 12 часа, откако тој вчера објавил видео на кое лекари зборуваат за употребата на лекот хидроксиклорокин.

Видеото го отстранија и Фејсбук и Алфабет во сопственост на Јутјуб по милиони прегледи, а се поради кршење на правилата за забрана на ширење дезинформации за коронавирусот.

И претседателот на САД ја презеде објавата на спорното видео, обвинувајќи го докторот Ентони Фаучи, кој е водечки американски инфектолог, како и приврзаник на Демократската партија, за оспорување на употребата на хидроксиклорокин во лекувањето на заразените со ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Лекари без граници“ повикуваат итно да се затвори Хуманитарната фондација за Газа

Фидан и Лавров разговараа за преговорите меѓу Русија и Украина

Моди нема да прави компромис со интересите на земјоделците поради царините на Трамп