Утрински Весник
Магазин

Тајлер Пери е најновото дополнување на листата на холивудски милијардери

Тајлер Пери е најновото дополнување на листата на холивудски милијардери

Ова го обелодени престижниот магазин „Форбс“, кој нето вредноста на Пери ја процени на над една милијарда долари. Магазинот тврди дека од 2005 година наваму тој има заработено повеќе од 1.4 милијарди долари, нето-приход пред оданочување.

Списанието исто така открива дека режисерот поседува креативна продукција, која вклучува повеќе од 1.200 телевизиски епизоди, 22 филма, најмалку дваесет сценски претстави, и студио во Атланта кое е изградено на негов сопствен имот од 330 хектари.

Пери – актер, писател, продуцент и режисер – е еден од најплатените луѓе во забавата.

„Откако Тајлер Пери на светот му го претстави ликот Мадеа, работите сами си течеа за него,“ коментира порталот ТМЗ, и додава: Па сега Тајлер Пери е милијардер со нето вредност од 1.4 милијарди долари поради тој лик што го создаде.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

„Адидас“ ја повлекува рекламата со Бела Хадид и мотивите од Олимпијадата во Минхен

Глумците повторно во штрајк поради ВИ

Овие хороскопски знаци често запаѓаат во токсични врски