Утрински Весник
Магазин

Тајландските власти ги повикаа паровите да носат маски за време на сексуален однос

Тајландските власти ги повикаа паровите да носат маски за време на сексуален однос
Dik 300x250 mk

Тајландските власти им препорачаа на паровите да носат маски за да се воздржат од бакнување и да избегнуваат позиции лице в лице за време на секуалниот однос, за да го намалат ризикот од ширење на коронавирусот.

Романтичните празници за Денот на вљубените се популарни во Тајланд, а многу парови сакаат да се венчаат на тој ден.

Со оглед на тоа што расте бројот на случаи на коронавирус во земјата, властите очигледно се загрижени за тоа како прославата на Денот на вљубените, 14 февруари, ќе влијае на состојбата на пандемијата, пренесува „Раша тудеј“.

„Ковид-19 не е сексуално пренослива болест, но можно е да се зарази со дишење и близок контакт и размена на телесни течности“, објасни за агенцијата АФП директорот на Канцеларијата за репродуктивно здравје, Буњарит Сукрат.

Затоа, како што вели, носењето маска за лице за време на секс може да го намали ризикот од зараза.

Тој ги советуваше паровите „да ги избегнуваат сексуалните пози лице в лице“.

Можете да прочитате

Египетскиот музеј вреден скоро 900 милиони евра се отвора по 20 години изградба

Четири знаци ќе живеат како милионери во следните пет години

Зошто ADHD кај жените често останува непрепознаен: Пет клучни разлики од мажите