Тетово, 12 јуни 2020 (МИА) – Претседателот на ДПА, Мендух Тачи идејата за премиер Албанец на Али Ахмети ја нарече тешка манипулација, потенцирајќи дека лидерот на ДУИ тоа го прави бидејќи се наоѓа во позиција на „мртов агол“.
-Тешка манипулација со емоции на луѓето со емоциите на Албанците. Имаше 18 пратеници беше 10 години на власт со Груевски и ние немавме такви идеи и барања. Дволично купување на политики поени за НАТО и Преспанскиот договор, бидејќи да имаше јасни определни тоа ќе го направија 2003, 2008. Мислам дека на Ахмети му е јасно дека се наоѓа во „мртов агол“ и не може од тука да избега и сега како што пред 19 години им рече на Албанците дека ги ослободил и од тоа условно ослободување ние имавме неколку стотици мртви, неколку илјади куќи урнати и милијарди евра и долари штета во економија. Уште еднаш мисли дека така ќе успее да собере гласовите на Албанците, рече Мендух Тачи.
ДПА со години има идеја за заменик премиер Албанец, што според Тачи е етички, правно и политички коректно наместо предлогот на Ахмети.
– Во склоп на ова мислам дека е неблагодарно да се полемизира со Ахмети затоа што тој не ги разбира овие работи. Неговите советници му укажале дека ова може да биде единствената идеја што може да му ги врати гласовите. Се прави споредба со нашата идеја, претседателот на ДПА да бдие заменик премиер или неточното пренесување на кампањата од 2014 кога ние тогаш исто имавме ваква идеја оти јас сум рекол во кампањата дека јас ќе бидам премиер на Македонија. Не е точно. Јас сум рекол дека јас претендирам на функцијата заменик премиер на Македонија, фигуративно јас ќе бидам премиерот на Албанците со еден политички концепт кој значи консензуална демократија и со внатрешни правни механизами да се сопре дискриминацијата економска на Албанците. Тоа се две различни работи. Таа идеја на Ахмети не е никаква идеја. Мислам дека без политички концепт на таа идеја тоа претставува имитација на поранешната Јусгославија. Ние имавме и претседател на претседателство Југославија, Албанец, но политичкиот концепт не му даваше никаква таква политичка моќ, рече Тачи.
Тој смета дека победникот на изборите ќе создаде Влада како премиер и дека политичките партии на Албанците кои можат да имаат лимит на пратеници од 13 до 20 и нешто, нема да можат. Го повтори ставот дека 5 јули е датумот кога треба да има избори со оглед дека состојбата со КОВИД-19 ќе трае со месеци и затоа е потребна политичка Влада. ас/аа/