Со години кога треба да се погоди тројка во КК Реал Мадрид, тука е Американецот Џејси Керол. Во Европа дојде во 2008 година, а ја игра десеттата сезона во „Кралскиот клуб“.
Досега за Реал има постигнато 415 тројки само во Евролигата, со што стана осмиот најдобар шутер од далечина. Наскоро ќе го помине и Џанлука Базиле на седмата позиција, но во првата десетка на ЕЛ никој нема процент на реализација за 3 поени како него.
Погодува со 42% успешност, а открива колку доцна почнал да го користи шутот од далечина.
„Првиот совет од татко ми како дете беше да не шутирам тројки. Мораш да вежбаш слободни фрлања додека не ја усовршиш техниката, па кога ќе имаш доволно сила ќе шутираш тројки, ми рече тој. Прво мораш да се пробиваш во рекетот, ми рече. Татко ми не ми даваше да шутирам за 3 поени се до 14 години. Потоа, се се промени“ се сеќава Керол.
> Татко му не му давал да шутира тројки, а тој не знае да промаши! <