Утрински Весник
Магазин

Таткото на Халина Хачинс смета дека Алек Болвин не е виновен за нејзината смрт

Таткото на Халина Хачинс смета дека Алек Болвин не е виновен за нејзината смрт

Анатолиј Андросович, таткото на убиената камерманка Халина Хачинс, одбива да го обвини Алек Болдвин за трагедијата.

Холивудската актер ја застрела камерманката во текот на снимањето на нискобуџетен вестерн во Ново Мексико во четвртокот (21 октомври), но таткото на Халина вели дека вината е во персоналот што ракува со реквизитите бидејќи му дале наполнето оружје.

Анатолиј, кој потекнува од Украина, за весникот „Сан“ изјави: „Сè уште не можеме да поверуваме дека Халина е мртва.“ „Но, јас не го сметам Алек Болдвин за одговорен – одговорноста е на реквизитерите кои ракуваат со оружје“.

Некои медиуми пренесоа изјава на режисерот на филмот Џоел Соуза, кој беше ранет од истиот истрел. Болдвин, наводно, вежбал сцена во која требало да впери револвер кон камерата, кога одеднаш оружјето испукало проектил што завршил во градниот кош на камерманката и во рамото на режисерот кој стоел зад неа.

На членовите на филмската екипа им било кажано дека пиштолот е безбеден.

Можете да прочитате

Викенд предизвик: ѕвездите носат јасност и храброст

Светската DJ супер-ѕвезда HUGEL пристигнува во Скопје за спектакуларна ноќ во Арена „Борис Трајковски“!

Суеверие старо со векови: Зошто петок 13-ти ги плаши луѓето ширум светот