Париз, 16 април 2020 (МИА) – Таткото на Нејмар учествуваше во разговор во кој откри дека сонот на неговиот син отсекогаш бил Барселона. Тој објасни дека бразилскиот репрезентативец сам си ја одбира својата судбина.
„Барселона отсекогаш бил негов детски сон. Тој секогаш сам избира по која патека ќе тргне. Ние работиме само за да се осигураме дека Нејмар ќе го има најдобриот договор, дом и избор на кариера, изјави таткото на Бразилецот.
Фудбалерот, чија главна желба е да го напушти Париз и да се врати на „Камп Ноу“, ова лето повторно ќе се обиде да го направи тој чекор, иако никој денес не знае какви ќе бидат економските последици од коронавирусот.