Утрински Весник
Магазин

Таткото на Бритни Спирс се откажува од контролата врз нејзиниот имот од 82 милиони долари

Таткото на Бритни Спирс се откажува од контролата врз нејзиниот имот од 82 милиони долари
Dik 300x250 mk

Џејми Спирс се согласи да се повлече од неговата 13-годишна улога како старател-конзерватор на имотот на неговата ќерка Бритни, во она што адвокатот на поп-sвездата го нарече голема победа.

„Задоволни сме што г -дин Спирс и неговиот адвокат денес се согласија тој да биде отстранет од надзорот врз неговата ќерка“, Метју Розенгарт, адвокатот на пејачката, изјави во петокот.

Спирс, кој контролира голем дел од приватниот живот и финансиите на неговата ќерка откако таа доживеа нервен слом во 2008 година, се согласи да се повлече и ваквата одлука ја наведе во судски документи поднесени во четвртокот.

Поп sвездата со месеци се обидува да издејствува правна и финансиска слобода, и инсистира нејзиниот татко повќе да нема целосна контрола врз нејзиниот живот. Судското рочиште за расправа по ова прашање е акажано за крајот на септември во Лос Анџелес.

Розенгарт одлуката на Џејми Спирс ја нарече „голема победа на Бритни Спирс и уште еден чекор кон правдата“.

Можете да прочитате

Трик на домаќинките за најдобра кисела зелка

Имате над 40 години и сакате да ослабите: само една навика ќе ви помогне

“Немав намера да ги повредам домаќините” – Прва изјава на Цеца откако го вееше бугарското знаме на концерт во Велес