Утрински Весник
Македонија

Татеши: Ќе ја вратиме изгубената насмевка

Татеши: Ќе ја вратиме изгубената насмевка
Dik 300x250 mk

Вчера во изборната единица 3, носителот на списокот за оваа единица, Беким Татеши, заедно со Арбен Таравари и Адмирим Алиу, од коалицијата Алијанса-Алтернатива оствари средба со жителите на село Јаболчиште.

Во оваа пригода, Татеши рече дека 15 јули ќе биде денот кога граѓаните ќе одлучат за себе и за иднината на земјата во која живеат.

„Ние одлучуваме тој ден дали ќе одиме напред или ќе се вратиме назад, се зависи од вас, треба да знаеме дека не сме војска, не сме оружје, не сме куршуми. Куршуми за нас се само вашите гласови, тоа што ќе го заокружите на 15 јули, тие се куршуми со кои ќе ни дадете волја, ќе ни дадете сила да работиме “, рече Татеши.

Од друга страна, Арбен Таравари истакна дека д-р Беким Татеши води достоинствена кампања и тој е во водство 3-1 наспроти кандидатот на ДУИ.

Татеши потенцираше дека промената ќе дојде токму од Јаболчиште и победата ќе биде на коалицијата АА-ААА.

„Ние ќе ги вратиме насмевката и раскошот во секој дел каде што има Албанци затоа што тие велат дека го изгубиле погледот кон тоа. Сега е време! “, заклучи тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Централно претседателство на ДУИ одлучи да има партиски конгрес до декември, не се разговорало за оставки

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

Над 130 лица се лишени од слобода во октомври поради поседување на наркотични средства, запленета поголема количина дрога