Утрински Весник
Македонија

Таравари прогласи победа во Гостивар

Таравари прогласи победа во Гостивар

Актуелниот градоначалник на Гостивар од Алијанса за Албанците, Арбен Таравари прогласи победа во општината.

„Брутално ги победивме ДУИ и СДСМ во Гостивар, и тоа со разлика над 5.000 гласови“, рече Таравари.

Тој додаде дека ДУИ и СДСМ се поразени во Тетово, Дебар, Битола, Охрид, и се надева на промена на власта.

„Се надевам дека од утре ќе почнат преговори за нова Влада. СДСМ и ДУИ веќе немаат кредибилитет“, изјави Таравари на прес-конференција.

Според информациите, објавени на веб-страницата на ДИК, Таравари засега освоил 57,67 проценти од гласовите, наспроти неговиот противкандидат од ДУИ, Невзат Бејта, со освоени 40,33 проценти.

Можете да прочитате

Калајџиев за „Безбеден град“: Шансата да прегазам некого сега кога зјапам во брзинометарот се поголеми од порано

Груби е во добра здравствена кондиција и е сместен со уште еден притвореник

Нови правила за пушење во кафеаните