Утрински Весник
Македонија

Танчарки од Албанија, Косово и Украина забавувале гости во угостителски објект во Боговиње

Танчарки од Албанија, Косово и Украина забавувале гости во угостителски објект во Боговиње

Танчарки од Македонија, Албанија, Косово и Украина забавувале гости во угостителски објект во Боговиње.

Според информациите на МВР, синоќа полициски службеници од СВР Тетово во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во село Горно Седларце, општина Боговиње, сопственост на А.А.(30) од село Боговиње.

При контролата, во објектот биле затекнати 35 лица – гости и 18 женски лица кои ги забавувале гостите (14 странски државјанки и четири македонски државјанки).

За 11 странски државјанки, осум од Албанија, две од Косово и една од Украина, било констатирано дека го злоупотребиле туристичкиот престој. Тие биле приведени во полициска станица и  против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Во СВР Тетово бил извршен разговор со сопственикот и ќе следува соодветна пријава. Од ДПИ, исто така, ќе бидат преземени мерки по член 206 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

МНР: Нема информации за повредени или загинати македонски државјани во вчерашниот инцидент во Германија

ЈП Македонија пат: Сите патни правци во државата се проодни

СТУДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Денешното утро донесе најниска температура од -6 степени, снежната граница се спушта!