Утрински Весник
Свет

Талибанците со закана: САД имаат рок до 1 мај да се повлечат или напаѓаме

Талибанците со закана: САД имаат рок до 1 мај да се повлечат или напаѓаме

Талибанците издадоа соопштение во кое предупредуваат дека ќе продолжат со нападите врз странски трупи во Авганистан, доколку американската војска не се повлече до 1 мај.

Соопштението доаѓа еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден зборуваше за повлекување на трупите.

„(Ние) ќе бидеме принудени да ја браниме нашата религија и татковина и да продолжиме со џихадот и вооружената борба против странските сили за ослободување на нашата земја“, се вели во соопштението, пренесува „Спутник“.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера за време на неговата прва прес-конференција рече дека постои можност да биде тешко да се извести дека американските трупи ќе се повлечат од Авганистан до 1 мај.

САД и талибанците минатата година потпишаа мировен договор, со кој заврши војната во Авганистан по 18 години, најдолго што САД ја воделе во својата историја.

Договорот, кој го потпиша тогашниот државен секретар на САД, Мајк Помпео, предвидува дека САД и НАТО ќе ги повлечат сите војници од Авганистан до 1 мај 2021 година, доколку талибанците ги исполнат прифатените обврски.

Бајден не ги објасни точните причини зошто САД не можат да го завршат повлекувањето на своите трупи до крајниот рок, додека за талибанците неповлекувањето на американските трупи до 1 мај е кршење на договорот.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме