Утрински Весник
Свет

Талибанците со декрет-Жената не е сопственост, туку слободно суштество

Талибанците со декрет-Жената не е сопственост, туку  слободно  суштество
Dik 300x250 mk

Талибанската влада во Авганистан донесе декрет за правата на жените во кој се наведува дека жените не треба да се сметаат за сопственост и да не се принудуваат на брак, пренесуваат светските агенции.

„Жената не е сопственост, туку благородно и слободно човечко суштество. Никој не може никому да му го даде во замена за мир или за прекин на непријателствата“, се вели во декретот на талибанците, изјави нивниот портпарол Забихула Муџахид.

Уредбата ги утврдува правилата за бракот и имотот на жените, наведувајќи дека жените не треба да се присилуваат на брак и дека вдовиците треба да имаат удел во имотот на починатиот сопруг.

Судовите треба да ги земат предвид овие правила при донесување одлуки, а министерствата за верски прашања и информации треба да ги промовираат овие права, се вели во декретот.

Сепак, во него не се споменува дека жените можат да работат или да пристапат до објекти надвор од домот или образованието, што претходно предизвика голема загриженост и критики од меѓународната заедница.

За време на претходното владеење од 1996 до 2001 година, талибанците им забрануваа на жените да ја напуштаат куќата без придружба и целосно да ги покриваат лицата и главите, додека на девојчињата им беше забрането образование.

Талибанците, меѓутоа, сега тврдат дека се смениле и дека е дозволено отворање средни училишта за девојки во некои провинции.

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим