Утрински Весник
Свет

Талибанците им наредија на владините функционери: Или носете брада или отказ

Талибанците им наредија на владините функционери: Или носете брада или отказ

Авганистанските талибанци наредија сите вработени во владата да носат брада или ќе бидат отпуштени, потврдија три извори за „Ројтерс“.

Претставници на Министерството за промоција на доблести и спречување на пороците од денеска веќе почнаа да ги посетуваат државните служби за да проверат дали сите вработени се придржуваат до новите правила.

Талибанците, исто така, пропишаа строг кодекс на облекување, а државните службеници ќе треба да носат долга, широка туника и панталони и турбан или капа. Покрај тоа, тие мора да се молат во одредено време во текот на денот.

Минатата недела талибанците им забранија на жените да летаат доколку немаат машка придружба, а на средношколките сè уште не им е дозволено да се вратат на училиште. Во неделата, тие наредија дека сите забавни паркови мора да вршат сегрегација врз основа на пол, што значи дека семејствата повеќе не можат да одат на тие места заедно.

Според распоредот на министерството, жените од недела до вторник ќе можат да одат во забавните паркови во и околу Кабул и ќе мора да носат исламски хиџаб, додека мажите ќе можат да се забавуваат од среда до сабота.

Можете да прочитате

Градоначалникот на Нагасаки предупредува на нова нуклеарна војна

Глад и болести се шират во Судан, 25 милиони луѓе загрозени поради недостиг од храна

Германија го запира извозот на воена опрема во Израел и повикува на прекин на огнот во Газа