Утрински Весник
Свет

Талибанците до САД: Престанете со извлекувањето на образованите луѓе од Кабул, нема да се одмазуваме, сакаме мир и стабилност

Талибанците до САД: Престанете со извлекувањето на образованите луѓе од Кабул, нема да се одмазуваме, сакаме мир и стабилност

Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид изјави дека тие повеќе нема да дозволуваат авганистански државјани да одат на аеродромот во Кабул, каде што се’ уште е многу хаотично.

Тој рече дека луѓето на аеродромот треба да се вратат дома и оти нивната безбедност ќе биде гарантирана.

„Се обидуваме да помогнеме, но за жал Американците се’ уште ја продолжуваат својата претходна политика во овој поглед и ги носат Авганистанците од земјата во неизвесна иднина“, рече портпаролот.

Муџахид ги повикаа САД да не го охрабруваат авганистанскиот народ, особено лекарите, инженерите и образованата елита да го напуштат Авганистан.

Тој додаде дека авганистанските медиуми сега работат повторно, како и болниците, училиштата, универзитетите и локалната власт. Муџахид тврди дека милитантите немаат список на луѓе за кои планираат одмазда.

„Заборавивме, се’ e во минатото. Сакаме мир и стабилност во Авганистан и нашата земја да напредува“, рече тој, додавајќи дека на жените нема да им биде трајно забрането да одат на работа.

„Не им е дозволено да одат на работа во моментов поради сопствената безбедност, за да не бидат злоупотребени. Засега нека останат во своите домови“, рече тој.

 

Портпаролот, исто така, додаде дека Талибанците не сакаат затворање на странските амбасади, тврдејќи дека на дипломатите во Авганистан им биле дадени гаранции дека се безбедни.

 

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година