Утрински Весник
Свет

Талибанците го прекинаа протестот на жените поради носењето бурка

Dik 300x250 mk

Неколку Авганистанки накратко протестираа во Кабул поради одлуката на талибанските власти да носат бурка на јавно место.

Насобраните жени извикувајќи слогани против носењето бурка, успеаја да поминат 200 метри пред да бидат спречени од талибанците.

Талибанците мирно го прекинаа протестниот марш и им рекоа на новинарите кои се собраа да се разотидат, пренесуваат агенциите.

Властите во Кабул во саботата наредија дека сите жени во Авганистан мора да носат бурка на јавни места.

Сличен декрет беше во сила за време на претходното владеење на Талибанците од 1996 до 2001 година.

Талибанците претходно одлучија девојчињата да можат да одат на училиште само до шесто одделение.

Можете да прочитате

Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната 

Новиот пакет санкции кон Русија вклучува 69 листи на индивидуални и економски рестриктивни мерки

Северна Кореја тестираше нови суперсонични ракети