Утрински Весник
Свет

Талибански знамиња на годишнината од 11 септември

Талибански знамиња на годишнината од 11 септември

Талибанското знаме се вее над претседателската палата во Кабул на денот на одбележувањето на 20-годишнината од терористичкиот напад на 11 септември 2001 година во САД.

Денешната годишнина се одбележува само неколку недели по повлекувањето на американските војници од Авганистан и враќањето на талибанците на власт, кои се поврзани со Ал Каеда, милитантна муслиманска организација која го изврши нападот во 2001 година, пишува АП.

Знамето на талибанците беше подигнато вчера.

САД денеска ја одбележуваат годишнината од терористичкиот напад предводен од Осама бин Ладен, основачот на Ал Каеда.

Можете да прочитате

Администрацијата на Трамп оптимистички настроена околу постигнување договор за прекин на војната во Украина

Макрон: Само Украина може да одлучува за своите територии

Сијарто: Унгарија води суверена политика