Утрински Весник
Спорт

„Тактиката на Клоп е контранапад не е гегенпресинг“

„Тактиката на Клоп е контранапад не е гегенпресинг“

Поранешниот фудбалер и прославен германски тренер Феликс Магат ги критикувал според многумина најдобрите светски тренери Пап Гвардиола и Јирген Клоп.

За „Билд“ тој најпрвин ја критикувал тика-така тактиката на Гвардиола и рекол дека без Лионел Меси тој никогаш повторно нема да ја освои Лигата на шампионите. Тука Магат не застанал туку „удрил“ и по сонародникот Клоп кој по 30 години пауза на Ливерпул му ја донесе титулата во Премиер лигата.

„Јирген Клоп до тој успех дојде благодарение добрите трансфер-одлуки, а не поради тактиката“, рекол Магат.

Тој тврди дека успехот на „црвените“ се должи добрите одлуки во врска со трансферите, а не на неговата тактика.

„Решија да трошат го купија голманот Алисон за 60 милиони евра и дефанзивецот Ван Дајк за 85 милиони евра, да не г направеја тоа неговиот систем немаше да биде успешен. Во минатото ја тоа би го нарекол играње на контранапади, а денес тоа го нарекуваат гегенпресинг“, истакнал Магат.

Во кариерата 67 годишникот Магат бил тренер во ХСВ, Нинберг, Вердер, Ајнтрахт, Штутгарт, Баерн, Волфсбург, Шалке, Фулам и Шандонг Луненг.

„Гвардиола? Да не беше Меси немаше да ја освои ЛШ“

> „Тактиката на Клоп е контранапад не е гегенпресинг“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига