Утрински Весник
Спорт

Така млад, а веќе газда – милијардерот Луис-Дрејфус на 23 години го презеде Сандерленд

Така млад, а веќе газда – милијардерот Луис-Дрејфус на 23 години го презеде Сандерленд

Кирил Луис-Дрејфус, 23-годишниот наследник на богатство вредно милијарди (предводено од неговата мајка), стана најмладиот претседател во англискиот фудбал, откако го комплетираше најавеното преземање на третолигашот Сандерленд.

Младиот Французин беше потврден како нов претседател на гордиот клуб од североистокот на Англија, кој трета сезона е во Лига 1, откако во 2017 година испаднаа од Премиер лигата по 10 сезони. Тој го купи клубот од британскиот бизнисмен Стјуарт Доналд, кој е на чело на клубот од 2018 и ќе остане малцински акционер.

Луис-Дрејфус е еден од тројцата наследници на милијардерската бизнис групација, која е предводена од неговата мајка, родената Русинка, 58-годишната Маргарита, која стана наследник кога се ожени со Роберт Луис-Дрејфус во 1992 година. Бизнисменот почина од леукемија во 2009, оставајќи ја сопругата како газда на компанијата која минатата година имаше промет од 33.6 милијарди долари.

Семејството Луис-Дрејфус беше сопственик на Олимпик Марсеј од 1996 до 2016 година.

> Така млад, а веќе газда – милијардерот Луис-Дрејфус на 23 години го презеде Сандерленд <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност