Утрински Весник
Македонија

Тавила: Не е точна изјавата дека Северна Македонија има најголема стапка на смртност од Ковид-19 во регионот

Тавила: Не е точна изјавата дека Северна Македонија има најголема стапка на смртност од Ковид-19 во регионот

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Шефицата на Канцеларијата на Светската здравствена организација во земјава, Џихан Тавила изјави дека Северна Македонија е меѓу земјите кои се најтранспарентни во споделувањето на бројките и статистиката за Ковид-19.

– Изјавата дека Северна Македонија има најголема стапка на смртност во регионот, навистина не е точна изјава. Знам дека Северна Македонија е меѓу земјите кои се најтранспарентни во споделувањето на националните бројки и статистиките. Тоа придонесува во регистрирањето и пријавувањето на секој смртен случај заради Ковид-19. Јас знам дека Северна Македонија прави и пост-мортем тест за луѓето кај кои треба да се утврди причината за смртта, кога тоа не е јасно. Тоа што можам да го кажам е дека треба да бидеме многу внимателни кога ги споредуваме земјите, заради можните разлики во начинот на кој се собираат податоците и тоа што го знаеме е дека податоците можат единствено да бидат ограничувања во обидите да се прават споредувања и нема секогаш иста конзистентност на податоците за смртните случаи меѓу земјите, истакна Тавила.

Додаде дека секој можен случај е регистриран, Северна Македонија ги следи правилата за регистрирање, а сите контакти со потенцијалните случаи или потврдените случаи се откриваат, тестираат, изолираат и третираат според потребите. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот