Утрински Весник
Магазин

Сè што правам е за вас! Џенифер Лопез за вереникот Родригез и нивните четири деца додека ја прифаќаше наградата музичка икона на годината

Сè што правам е за вас! Џенифер Лопез за вереникот Родригез и нивните четири деца додека ја прифаќаше наградата музичка икона на годината
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Таа е суперѕвезда која го надмина стариот репер на „тројна закана“ како култна пејачка, танчерка, актер, продуцент и навидум бесконечен претприемач, коментираат таблоидите.

И во четвртокот на Билборд-наградите „Жени во музиката“, Џенифер Лопез беше почестена за својата биографија од светски ранг, која датира од 80-тите години на минатиот век, со наградата икона за 2020 година.

Во својот говор за прифаќање, преку видео, Лопез им се заблагодари на многу уметници со кои соработуваше, а кулминираше со нејзиното семејство.

Во видеото, таа му се заблагодари на вереникот Алекс Родригез, на своите и неговите деца додека ја прифаќаше наградата.

„Алекс и нашите четири прекрасни деца: ви благодарам, многу ве сакам. Сè што правам е за вас дечки“, рече таа со гордост.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Домашните миленици го подобруваат менталното здравје на сопствениците

Поларните мечки генетски се прилагодуват на потоплата клима

Предновогодишен спектакл пред Cevahir Mall Skopje со НОКАУТ и богата целодневна програма