Утрински Весник
Магазин

Сè уште нема пресуда во случајот Деп-Херд, поротата неодлучна

Dik 300x250 mk

Поротниците во вторникот ги разгледуваа двете спротивставени тужби на Џони Деп и Амбер Херд.

Тие со часови расправаа без да донесат пресуда во повеќемилионската правна битка во која беа прикажани вознемирувачки детали за нивниот проблематичен брак.

Поротата од седум лица се очекува да ги продолжи своите дискусии во среда наутро во окружниот суд во Ферфакс, Вирџинија.

58-годишната ѕвезда на „Пиратите од Карибите“ ја тужи Херд и бара оштета од 50 милиони долари бидејќи го клеветела кога во статија во весник себеси се нарекла „јавна личност која го претставува семејното насилство“, иако во текстот директно не го спомнува неговото име.

Херд поднесе противтужба и бара оштета од 100 милиони долари, бидејќи Деп, наводно, ја оцрнил во јавноста нарекувајќи ја лажга.

Деп и Херд се запознаа во 2011 година за време на снимањето на The Rum Diary и се венчаа во февруари 2015 година. Нивниот развод беше финализиран две години подоцна.

Можете да прочитате

Дали треба да ја покриете супата додека готвите? Готвач ги откри сите тајни за совршен вкус!

Листа од 40-те најголеми умови во историјата – листа што го воодушеви светот, но и предизвика полемики

Избегнувајте прекумерно трошење: Дневен хороскоп (03.11.2025)