Утрински Весник
Спорт

Сè уште е нејасно дали ќе има публика на „Ролан Гарос“

Федерер на пат да го скрши рекордот за најгледан тениски меч

Париз, 17 јуни 2020 (МИА) – Отвореното првенство на Франција во тенис е одложено за уште една недела и ќе се одржи од 27 септември до 11 октомври, потврдија организаторите на турнирот.

Квалификациите ќе се одвиваат од 21 до 25 септември. Гренд-слем турнирот во Париз првично беше закажан за мај и јуни, но беше одложен за 20 септември поради пандемијата од коронавирус.

Дали ќе им се дозволи пристап на навивачите, сè уште не е јасно, но организаторите на „Ролан Гарос“ соопштија дека ќе работат со француската влада за да се обезбеди безбедноста на сите присутни.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство