Утрински Весник
Македонија

СЦ „Борис Трајковски“ почна со подготовка на содржините во комплексот

СЦ „Борис Трајковски“ почна со подготовка на содржините во комплексот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Спортскиот центар „Борис Трајковски“ соопшти дека во исчекување на одлуката на Владата за олабавување на мерките за спречување и ширење на Ковид-19, почнал со подготовка на содржините во комплексот.

Се преземаат, како што се посочува, сите неопходни процедури за подигнување на нивото на хигиената, се спроведува чистење, како и целосна дезинфекција на целиот спортски центар.

Со дезинфекција, како и превентивни мерки за заштита на здравјето на сите корисници на центарот, секојдневно ќе се продолжи и по отворањето кое се очекува да биде наскоро, стои во соопштението. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе