Утрински Весник
Спорт

Суперлигата на УЕФА ќе стартува во сезоната 2024/2025

Суперлигата на УЕФА ќе стартува во сезоната 2024/2025
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ману Карењо, радио-новинар од Шпанија, објави кога ќе стартува Суперлигата, натпреварување кое ќе ја замени Лигата на шампионите. Планот на УЕФА е ова натпреварување да го играат финансиски најмоќните европски клубови.

УЕФА, во април 2021 година, ќе одржи Конгрес. На овој Конгрес е предвидено да се разговара за реформите во сите натпреварувања по 2024 година. Карењо тврди дека Суперлигата ќе започне од сезоната 2024/2025.

До септември 2024 година во сила е договорот на УЕФА со телевизиите околу емитувањето на натпреварите во Лигата на шампионите. По истекот на овој договор УЕФА ќе може да ги спроведе реформите.

Се уште не е познато во кои денови ќе се играат натпреварите во Суперлигата, дали тоа ќе биде во работни денови, како што сега се игра во Лигата на шампионите или тоа ќе биде за викенд. Исто така не е познато дали од таа лига ќе има испаѓање.

> Суперлигата на УЕФА ќе стартува во сезоната 2024/2025 <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место