Утрински Весник
Спорт

Сун Јанг нема да оди на Олимпијада, адвокатот тврди дека е политичка жртва

Сун Јанг нема да оди на Олимпијада, адвокатот тврди дека е политичка жртва

Трикратниот олимписки шампион во пливање, Сун Јанг нема да може да настапи на Олимпијадата во Токио и покрај тоа што Судот за арбитража во спортот (ЦАС) му ја намали осумгодишната суспензија на четири години и 3 месеци.

Сун Јанг освои две златни медали во Лондон во 2012 и победи на 200 метри слободно во Рио во 2016 година, и иако немаше позитивен тест, доби осумгодишна суспензија за пропуштен допинг-тест во 2018 година. Ова беше втор прекршок, откако во 2014 година, тој отслужи тримесечна суспензија поради позитивен тест на стимулантот триметазидин.

Светската пливачка федерација (ФИНА) прво го ослободи Кинезот од обвинувањата, но Светската анти-допинг агенција (ВАДА) се жалеше и му ја потврди суспензијата. Сун тврдеше дека го пропуштил допинг-тестот бидејќи тестерите не можеле да го потврдат својот идентитет кога се појавиле во неговиот дом. Неговиот адвокат, Жанг Кихуаи вели дека се работи за политичка одлука против кинескиот спортист.

„Сун Јанг не ги прекрши правилата и немаше позитивен тест. За жал, Кина и остатокот од светот е жртва на интернационални организации кои се манипулирани во политички цели“, вели Кихуаи.

> Сун Јанг нема да оди на Олимпијада, адвокатот тврди дека е политичка жртва <

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига