Утрински Весник
Свет

Суецкиот канал се уште блокиран, се работи на извлекување на заглавениот брод

Суецкиот канал се уште блокиран, се работи на извлекување на заглавениот брод

Товарниот брод со контејнери сè уште е заглавен во Суецкиот канал, што може да спречи најмалку 150 бродови да поминат денеска низ овој клучен морски премин додека се работи на отстранување на пречката, соопштија египетските власти.

Бродот „Ever Given“, кој плови под знамето на Панама и пренесува товар помеѓу Азија и Европа, се заглави поради силниот ветер во тесниот вештачки премин, што ги дели континентална Африка и Синајскиот полуостров.

Утрово продолжија работите за поместување на бродот. Екипите се обидуваат да ги отстранат седиментите околу бродот и со помош на плимата да го повлечат со помош на влечење.

Еден службеник рече дека сите се надеваат дека нема да мора да истоваруваат контејнери од бродот, бидејќи тоа би било целодневна работа.

Операторот на бродот, БСС, изјави дека сите 25 членови на екипажот се добро и безбедни.

Можете да прочитате

Нема Нобел, тогаш заборавете на мирот: Трамп со скандалозно писмо до норвешкиот премиер

Вагоните преполовени, објавена снимка од воздух од железничката несреќа во Шпанија

Најмалку 11 луѓе загинаа во пожар во трговски центар во Пакистан