Амбер Херд во средата негираше дека му го повредила прстот на поранешниот сопруг Џони Деп во текот на насилна расправија, и откри дека тој наводно „фрлал шишиња кон неа како гранати“.
Американската актерка вчера се појави во лондонскиот Висок суд како сведок на британскиот весник „Сан“ чиј издавач и извршен уредник се тужени од нејзиниот поранешниот сопруг, холивудската ѕвезда Џони Деп, за клевета во врска со статија од 2018 година, каде го нарекуваат тепач на сопругата.
Актерката, која го обвинува Деп за семејно насилство во најмалку 14 наврати, сведочеше за инцидент во Австралија во март 2015 година.
Деп претходно во своето сведочење ги отфрли наводите на порашната сопруга. Тој негираше било какво физички напад врз неа, тврдејќи дека целата приказна е добро испланирана измама и дека таа всушност била насилникот во нивниот брак.