Утрински Весник
Свет

Судот го осуди Навални на 3 ипол години затвор

Судот го осуди Навални на 3 ипол години затвор

Судот му изрече затворска казна од 3 години и шест месеци на рускиот опозиционер Алексеј Навални.

Условната казна за Навални во случајот со проневера на Ив Рош сега судот ја промени во затворска казна, пренесува ТАСС од судницата.

„ Судот пресуди во корист на [Руската] Федерална казнено-поправна служба за укинување на условната пресуда против А. Навални. Му беше одреден притвор пред да стапи на сила пресудата”, објави судијката Наталија Репњикова.

Според претходните тврдења на руските власти, Навални и неговиот брат финансиски ја оштетиле компанијата на Ив Рошер, за што добиле условни затворски казни од три и пол години.

Иако казната истече во декември 2020 година, ФСИН сега го обвини Навални за кршење на условната казна и побара таа да биде заменета со затворска казна.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата