Утрински Весник
Македонија

Судот ги ослободи Мијалков и поранешните „алфи“, нема доволно докази дека го малтретирале Бошкоски

Судот ги ослободи Мијалков и поранешните „алфи“, нема доволно докази дека го малтретирале Бошкоски
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кривичниот суд ги ослободи од обвинение поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и шестмина припадници на поранешната полициска единица „Алфа“, поради немање јасни докази дека го сториле кривичното дело за кое беа обвинети во случајот „Тортура“, односно за апсењето на Љубе Бошкоски.

Случајот во врска со приведувањето на лидерот на Обединети за Македонија беше отворен од поранешното СЈО.

Обвинетите се гонеа за делото мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување за време на апсењето на Бошкоски, на 6 јуни 2011 година.

Судењето беше за апсењето за случајот „Кампања“ во кое Бошкоски беше осуден на пет години затвор за незаконско финансирање на изборната кампања.

Можете да прочитате

УХМР: Од среда расчистување на маглата

Зголемен број случаи на грип во Македонија

Сточарите и земјоделците на раб на опстанок – најавени протести