Утрински Весник
Свет

Судот во Москва го одложи судењето на Навални за 5 февруари

Судот во Москва го одложи судењето на Навални за 5 февруари

Судот во Москва го одложи почетокот на судењето на критичарот на Кремљn, Алексеј Навални, обвинет за клевета на ветерани од Втората светска војна, соопштија неговите адвокати.

Адвокатката Олга Михаилова рече дека судењето е одложено за 5 февруари, бидејќи Навални беше ставен во карантин поради пандемијата на коронавирус откако се врати од Германија.

Судот пресуди дека рочиштето мора да се одржи во негово присуство, рече таа, додавајќи дека ја поддржува одлуката.

Во твит во јуни, Навални ги оцени ветераните и другите кои се појавија во провладиното видео како срамота за земјата и предавници.

Видеото ги промовираше уставните амандмани донесени минатото лето со кои се дозволува рускиот претседател Владимир Путин да остане на функцијата до 2036 година.

44-годишниот Навални бил задржан на аеродромот во Москва откако се врати од Германија каде што бил пренесен во август на лекување од труење.

Тој е обвинет за кршење на условите за условно ослободување врз основа на казната изречена во 2014 година за измама со тоа што двапати месечно не се јавувал пред руските власти, како што требало.

Тој е во притвор до 15 февруари. Првите 14 дена мора да ги помине во карантин поради пандемија на коронавирус.

Судот ќе одлучи на 2 февруари дали условната казна од три и пол години изречена за измама треба да се промени во затвор.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков