Утрински Весник
Свет

Судот во Каталонија го забрани карантинот

Судот во Каталонија го забрани карантинот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Судот во Каталонија ја оспори одлуката на регионалната власт да воведе целосна забрана за движење на околу 200.000 луѓе кои живеат во градот Леида и околината, каде последните неколку дена има нагло зголемување на заразата со коронавирус.

Претседателката на судскиот совет, Елена Гарсија Муњоз изјави дека нема да го одобри воведувањето карантин, со образложение дека за тоа е неопходна согласност од Владата на Шпанија, пренесува Политико.

Таа изрази сомневање дека строгиот карантин е пропорционален одговор, особено поради фактот дека тој е неопределен, што може да има сериозни последици.

И јавниот обвинител во Леида се изјасни против целосната забрана за движење, и тој поднесе жалба поради одлуката на Владата на Каталонија да воведе карантин во седум општини во регионот на Сегрија.

Жителите на Леида и неговата околина не се во можност да патуваат надвор од областа од 4 јули, а судот денес не ја оспори таа одлука.Пред да биде донесена судската одлука, претседателот на Каталонија, Ким Тора, рече дека требало да се донесе тешка одлука врз основа на епидемиолошки податоци и мислење на експертите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски побара долгорочни безбедносни гаранции од САД во рамки на мировниот план

Кинеската армија започна воена вежба околу Тајван

16 загинати во дом за стари лица во Индонезија