Утрински Весник
Свет

Судот во Израел и забрани на владата да ги следи мобилните телефони на заразени лица

Судот во Израел и забрани на владата да ги следи мобилните телефони на заразени лица

Израелскиот Врховен суд и забрани на владата да ги надгледува мобилните телефони на луѓето заразени со Ковид-19, а предлогот го означи како грубо кршење на човековите права.

Со повремено користење на овој метод од март 2020 година, агенцијата за борба против тероризмот ги надгледуваше заразените пациенти и откриваше луѓе со кои заразените стапиле во контакт, објави Ројтерс.

Од почетокот на пандемијата, невладините организации за човекови права апелираа до судот да обрнат внимание на кршењето на правата, додека членовите на парламентот изразија сомнеж во врска со ефективноста на следењето на луѓето.

Судот изрази загриженост дека набудувањето на мобилните телефони од привремената мерка може да стане трајно, затоа и даде рок на владата до 14 март да престане со следење, како и да се фокусира на заразените кои одбиваат епидемиолошки мерки.

„Се надеваме дека ова ќе ја покаже вистинската насока на владата и дека парламентот ќе го промени правецот од лизгавиот пат, користејќи екстремни и недемократски мерки во борбата против коронавирусот“, соопшти израелското здружение за човекови права.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иранскиот претседател вети одговор на нападот на САД

Украина најавува засилени напади врз воени цели длабоко во Русија

МААЕ: Сè уште не може да се процени штетата под земја во Фордо