Утрински Весник
Свет

Судијка во САД го блокираше извршувањето на втората смртна казна на сојузно ниво по пауза од 17 години

Судијка во САД го блокираше извршувањето на втората смртна казна на сојузно ниво по пауза од 17 години

Федерална судијка од Окружниот суд во Вашингтон го блокираше извршувањето на смртна казна над обвинетиот Весли Пурки.

Доколку егзекуцијата беше извршена, тоа ќе беше втора смртна казна изречена на сојузно ниво во рок од само два дена во последните 17 години.

Министерството за правда на САД имаше намера да го погуби Весли Пурки, осуден за силување и убиство на 16-годишно девојче, денес, и покрај забелешките на неговите адвокати дека Пурки има деменција и повеќе не е во можност да ја разбере казната изречена за него.

Претходно во текот на денот, судијката од Окружниот суд во Вашингтон, Тања Чуткан издаде две наредби со кои се дозволуваат разни правни исклучоци за неколкумина од 61 лице осудени на смртна казна.

Едната наредба се однесува на Пурки, а другата ја спречува федералната влада да погуби уште двајца други мажи осудени за убиство на деца – Дастин Хонкен, кој требаше да биде егзекутиран во петок и Кит Нилсон, чија смртна казна беше закажана за 28 август.

Чуткан посочи дека аргументот на осудените мажи, дека употребата на пентобарбитал во смртоносните инјекции го крши Законот за храна, лекови и козметика, односно надтежнува над тврдењата на Министерството за правда дека законите за безбедност на лековите не важат за вакви случаи, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Ова е трет пат како Чуткан издава наредба со која се одложуваат егзекуции. Првата ваква наредба беше одбиена од Апелациониот суд во април, а втората од страна на Врховниот суд вчера.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Околу 18.000 Сиријци се вратиле дома од Јордан, по падот на Асад

Во Украина пристигаат германски тенкови „Леопард“

Банкротираше компанијата што ги произведува амблемите на Мерцедес