Утрински Весник
Македонија

Судијката Добрила Кацарска е нова претседателка на Уставниот суд

Судијката Добрила Кацарска е нова претседателка на Уставниот суд

Судијката Добрила Кацарска е избрана за претседателка на Уставниот суд. Таа е назначена со мнозинство гласови, односно 6 „за“, од девет судии кои имаат право на глас. Ова доаѓа откако Кацарска во ноември 2020 година беше избрана за уставен судија.

Кацарска има стаж од 30 години како судија. Покрај кривичните предмети, има судено и предмети од граѓанска материја. Таа ги судеше и предметите како „Организираниот упад во Собранието на 27 април“, „Тенк“ во кој осудена е ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, „Транспортер“, „Триста“.

Кацарска беше член во работните групи за изготвување на неколку закони и тоа: Измени на Законот за адвокатурата, Законот за судската служба, Законот за изменување и дополнување на Законот за парничната постапка, Законот за измени и дополнувања на Законот за општата управна постапка. Исто така, била еден од авторите на Прирачникот-Водич за новоизбрани претседатели и секретари на судовите.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје