Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Судијката Беса Адеми во петок ќе положи заклетва за нова претседателка на Врховниот суд

Gjykata themelore shkupi1.foto4
Img 7972

 

Процедурата е завршена и во петок ќе се одржи церемонијата за заклетва на новата претседателка на Врховниот суд на РСМ, Беса Адеми, изјавија за „Порталб.мк“ од Судскиот совет. Жалбената процедура за избор на претседател на Врховниот суд е завршена.

Судскиот совет на 12 февруари, со 12 гласови „за“ и еден „против“ ја избра судијката Беса Адеми за нова претседателка на Врховниот суд. Противкандидати на Беса Адеми за претседателската функција беа Лидија Неделкова и Џемали Саити.

Судијката Адеми доаѓа на местото на досегашниот в.д. претседател на Врховниот суд Фаик Аслани, кој беше назначен на оваа позиција на 10 септември 2019 година.

Мандатот на претседателот на Врховниот суд трае четири години, при што Беса Адеми има законска можност да се кандидира за втор избор на истата функција за четири дополнителни години.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Клековски: Недостигаат 52 матични доктори во руралните подрачја, со измени на правилникот до поволни услови за отворање ординации и охрабрување на младите доктори да почнат таму да работа

ДИК ги утврди изгледот и содржината на гласачкото ливче

Косовец со автомобил удрил во полицаец кој вршел обезбедување на место на сообраќајка во Мала Речица