Утрински Весник
Спорт

Судиски грабеж! Сараево испадна во Белорусија

Судиски грабеж! Сараево испадна во Белорусија
Dik 300x250 mk

Шампионот на Босна и Херцеговина, Сараево загуби со 2:1 од белорускиот Динамо Брест во второто квалификациско коло  од Лигата на шампионите, во меч во кој им беше поништен чист гол за израмнување поради непостоечки офсајд.

Гордејчук ги донесе Динамо водство уште во третата минута, кога топката се одби од еден од одбранбените играчи на Сараево и заврши во мрежата на Ковачевиќ. Во 34. минута, Сараево успева да израмни преку Ѓокановиќ и со 1:1 се отиде на полувреме.

Белорусите повторно дојдоа во водство во 49. минута преку Абдулаје Диало, пред да дојде најконтроверзниот момент во мечот, во 55. минута кога Ахметовиќ ја затресе мрежата на Динамо, но кипарскиот судија Сотиру некако виде офсајд.

> Судиски грабеж! Сараево испадна во Белорусија <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Рељиќ со победа над Бразил и нефер пораз од Кина на Светско првенство Г-14

Ракометниот спектакл на задоволство на ракометната публика

Доживотна суспензија за фудбалерите-тепачи од Слупчане