Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Судењето на „Златна зора“ продолжува

Судењето на „Златна зора“ продолжува
Img 7972

Судскиот процес против членовите на „Златна зора“ продолжи пред Апелациониот суд во Атина.

Започна со кратка изјава на обвинителката Адамантија Економу, која побара да и се дозволи да одговори на критиките упатени кон неа од одбраната.

Економу побара да и биде дозволено да одговори на силните критики упатени кон неа од страна на бранителите, и покрај нејзините препораки судот да ги земе предвид сите олеснителни околности за обвинетите.

Таа во изјавата рече дека адвокатите на одбраната ја нападнале на рочиштето во четвртокот, и покрај нејзините препораки дека на обвинетиот не треба да му се суди за пристапување и водење на криминална организација, пренесува АНА.

Судот продолжи да ги сослушува завршните зборови на адвокатите што застапуваат 65 обвинети лица.

Судот се очекува да ги земе предвид олеснителните околности за обвинетите, по што ќе биде донесена пресуда.

Во средата беше донесена едногласна пресуда, според која седум члена на „Златна зора“ беа виновни за формирање и водење на криминална организација под „плашт на политичка партија“, и покрај спротивната препорака на обвинителот.

Околу 50 од 65 обвинети лица беа прогласени за виновни за учество или водење на криминална организација.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори