Утрински Весник
Македонија

Судењето за „Меѓународен сојуз“ одложено за следната недела

Судењето за „Меѓународен сојуз“ одложено за следната недела

Судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, се одложува за 3 март.

Одложувањето е на барање на надлежен јавен обвинител, заради присуство на друга главна расправа.

„Заради интерес на медиумите кои ја следата главната расправа за предметот со КОК бр. 49/20 во јавноста познат како „Меѓународен сојуз“ ја информираме јавноста дека по барање на надлежниот јавен обвинител, заради присуство на друга главна расправа, судењето се одлага, за што веќе се известени странките во постапката. Следниот термин за продолжување на главната расправа е на 03.03.2021 година“, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

За случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, заедно со основачот обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сабриу: Со ова темпо на реформи градиме пофер, похумана и порамноправна Македонија

Во пукање на влезот на скопско Батинци убиен припадник на Армијата кој бил на користење слободен ден

ДУИ: Правичната и соодветна застапеност не е привилегија, туку уставно загарантирано право