Утрински Весник
Економија

Сугарески: Сè уште нема конечен став околу отворањето на границите и аеродромите

Сугарески: Сè уште нема конечен став околу отворањето на границите и аеродромите

Кочани, 15 јуни 2020 (МИА) – Владата сè уште нема став околу евентуалното отворање на границите и аеродромите, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, коментирајќи ја одлуката на авиокомпанијата „Виз ер“ да ги пролонгира летовите до Северна Македонија до средината на идниот месец.

– Како член на Кризниот штаб можам да кажам дека ја следиме ситуацијата, и согласно препораките кои ги дава Комисијата за заразни болести, ние разговараме и постапуваме по нив, и како штаб, а и во Владата. Во моментот сè уште немаме конечен став околу отворањето на границите и аеродромите. Очекувам овие денови, штом Комисијата го постави тоа прашање на дневен ред, да се разговара на седница на Кризниот штаб, по што Владата ќе донесе одредени одлуки, доколку тие треба да бидат донесени, истакна министерот Сугарески.вс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Фич”: Кредибилните и конзистентни макроекономски политики ја одржуваат стабилноста на денарот

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

РКЕ ги соопшти новите цени на горивата, дизелот оди кон 100 денари за литар