Утрински Весник
Македонија

Сугарески: Преку 3 милиони евра за локални патишта и улици во Прилеп и околните општини

Сугарески: Преку 3 милиони евра за локални патишта и улици во Прилеп и околните општини

Инвестициите во Прилеп и Прилепскиот регион не застануваат без разлика на состојбите што беа и оние што следуваат. Само во моментов, во овој крај инвестираме преку 80 милиони евра за изградба, рехабилитација и реконструкција на патишта. За санација на улици и унапредување на локалната патна мрежа во Прилеп, Долнени, Кривогаштани и Крушево, Министерството за транспорт и врски обезбеди преку 3 милиони евра“ – истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој денеска заедно со градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски изврши увид во рехабилитацијата на регионалниот пат Лагово-Штавица-Витолиште.

Проектот за рехабилитација на патниот правец Лагово-Штавица-Витолиште е во вредност од 650 илјади евра.

„ Независно од здравствената криза со која се соочуваме и изборниот процес кој штотуку заврши, инвестициите во Прилепскиот регион се реализираат како никогаш досега. Денеска заедно со градоначалникот сме повторно во Мариовскиот крај, каде извршивме увид во градежните работи на патниот правец Лагово-Штавица-Витолиште. На почетокот на овој месец започнавме со асфалтирање на патот, градежните работи за рехабилитација на 9 километри пат се во тек и се одвиваат со силно темпо. Проектот е од големо значење за жителите на овој крај и со него имаме за цел не само да ги подобриме условите за живот на локалното население, туку и да го заживееме Мариово и да создадеме можности за развој на туризмот, унапредување на земјоделството и економски раст. Како што ме информираа од ЈП за Државни патишта, до крај на овој или во текот на следниот месец ќе се распише и тендерот за рехабилитација на патниот правец Фариш – Прилеп. Морам да напоменам дека не ја забораваме ни локалната патна мрежа и во меѓувреме работиме на реконструкција и санација на локалните патишта и улици во општините во овој регион, за што инвестираме преку 3 милиони евра“ – изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Тој додаде дека во меѓувреме активно се работи на преку 30 проекти во комуналната инфраструктура и привршува изградбата на магистралниот гасовод Неготино-Прилеп-Битола, за што со општините се работи на изградба на секундарна гасоводна мрежа.

На крај, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески истакна дека во тек се подготовки за изградба на нова социјална зграда во Прилеп, со што ќе се овозможи пристоен дом за голем број на социјално ранливи семејства.

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски нагласи дека во интерес на граѓаните, градежните работи се одвиваат со силна динамика и очекува до крајот на оваа градежна сезона рехабилитацијата на патната делница од Прилеп до Витолиште да биде завршена.

„ Овој регионален пат е од огромно значење за граѓаните и верувам дека со подобрување на условите на патот значајно ќе придонесеме за унапредување на земјоделството, сточарството и пчеларството, но и ќе создадеме услови за развој на туризмот во овој крај, кој изобилува со природни убавини“ – изјави градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја