Утрински Весник
Македонија

Сугарески: Избори штом ќе се создадат здравствени услови и нема да биде опасно по здравјето на граѓаните

Сугарески: Избори штом ќе се создадат здравствени услови и нема да биде опасно по здравјето на граѓаните

Прилеп, 5 мај 2020 (МИА) – Опозиијата свесно бега од избори, а ние сметаме дека треба да се одржат предвремените парламентарни избори штом ќе се создадат здравствени услови и нема да биде опасно по здравјето на граѓаните,  порача денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

-О позицијата свесно бега од избори. За нас е најбитно здравјето на граѓаните. Треба прво да се види до кога би траела вонредната состојба. Со олабавувањето на мерките кои се случуваат и ќе се случат наредната недела, и кога ќе се создадат услови, на мислење сме да се одржат предвремените парламентарни избори, изјави Сугарески при денешниот увид на работите на регионалниот пат Прилеп-Тополчани-Битола, одговарајќи на новинарско прашање.

На мислење сме да има избори кога ќе се создадат услови, додаде, зашто, не дај боже, ако има нов пик на заразата, ќе се оневозможи да се одржат и редовните избори. ем/вј/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Со 40 амандмани го заштитивме зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?

Николоски: Досега најсилен раст во авиосообраќајот, воведовме 23 нови линии, имаме рекордна бројка на патници,

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!