Утрински Весник
Македонија

Сугарески: Жителите на велешките села Раштани и Бузалково првпат добиваат чиста вода за пиење

Сугарески: Жителите на велешките села Раштани и Бузалково првпат добиваат чиста вода за пиење

Конечно го решаваме деценискиот проблем со водоснабдувањето со кој се соочуваа преку 1.500 жители на населените места Раштани и Бузалково, за што инвестираме половина милион евра, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, кој денеска заедно со градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, изврши увид во изградбата на водоводен систем за Раштани и Бузалково.

Проектот предвидува изградба на водоводна мрежа и две препумпни станици и поврзување на селата Раштани и Бузалково на постоечкиот водоснабдителен систем на градот Велес.

Министерот Сугарески истакна дека проектот е од огромно значење за жителите на овие места, особено ако се земе во предвид фактот дека во Бузалково никогаш досега немало вододовод, додека водоснабдувањето во Раштани било делумно решено, но квалитетот на водата не бил на посакувано ниво.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пожари на повеќе локации во Струмица

Вчера шест обиди за измами со лажен лекар или полициски службеник на подрачјето на СВР Велес

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР, стратешкото партнерство ја зајакнува безбедноста на државата