Утрински Весник
Економија

Субвенции за ПВЦ прозорци и печки на пелети повторно ќе се делат идната година

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Субвенции за вградување ПВЦ прозорци, за купување печки на пелети како и субвенции за сончеви колектори Министерството за економија повторно ќе дели следната година. По почетокот на пандемијата тие беа укинати, а средствата беа прераспределени за заштита од коронавирусот. Министерот за економија Крешник Бектеши денес, одговарајќи на новинарско прашање, најави дека субвенции ќе може да се користат во 2021 година.

„Точно е дека ги прераспределивме средствата во Ковид програмата, но веќе сме во преговори со Министерството за финансии, предвидени се средства за такви мерки преку програмата за енергетска ефикасност. Сите мерки од 2019 година се предвидени и ќе се реализираат. Тргнувајќи од ПВЦ прозорци, печки на пелети, инвертери и сите други мерки. Ќе ги презентираме сите во моментот кога ќе се усвои буџетот“, рече министерот Бектеши.

Субвенциите ќе бидат предвидени во Буџетот за 2021 година и ќе се реализираат следната година, нагласи министерот Бектеши.

Министерството за економија преку програмата за енергетска ефикасност годинава за печки на пелети субвенционираше вкупно 454 граѓани. Повикот беше распишан на почетокот на годината, а се аплицираше до 6 март. За оваа мерка беа одвоени 10,7 милиони денари.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Одржана седница на Комитетот за финансиска стабилност: Финансиската стабилност е зачувана

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Над 25% од енергијата во ЕУ лани била од обновливи извори, во Македонија 21,8%