Утрински Весник
Спорт

Суарез: Ако постигнам гол против Барса ќе покажам кон еден човек на трибините

Суарез: Ако постигнам гол против Барса ќе покажам кон еден човек на трибините
Dik 300x250 mk

Луис Суарез се пресели во Атлетико Мадрид откако мораше да ја напушти Барселона поради одлуката на клупските челници и тренерот Роналд Куман. Уругваецот од моментот кога клубот ја донесе одлуката тренираше одвоено од остатокот на тимот.

Во интервју за ЕСПН рекол посочил дека најмногу му е лут на претседателот на клубот Џозеп Марија Бартомеу.

Тој не кри дека подготвува посебна прослава доколку постигне гол против Барселона.

„Доколку со Атлетико постигнам гол против Барселона нема да славам. Меѓутоа ќе покажам кон еден човек на трибините“, рекол Суарез.

На прашањето дали би потпишал за реал Мадрид рекол.

„Не сум луд. Во Барселона играв шест години. На клупските челници три сезони им говорев дека на тимот му треба нов напаѓач, некој кој ќе се натпреварува со мене, но тоа никогаш не се случи. Кога ќе ви дојде тренерот и ќе ви каже дека повеќе не смета на вас, тогаш си го поставувате прашањето дали тоа била негова одлука или одлуката ја донеле клупските челници“.

> Суарез: Ако постигнам гол против Барса ќе покажам кон еден човек на трибините <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс

Победа со забрана за присуство на публика на четири домашни натпревари

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“