Утрински Весник
Свет

Студија: 30 проценти од тестираните во Република Српска имаат антитела на коронавирус

Студија: 30 проценти од тестираните во Република Српска имаат антитела на коронавирус

Во Република Српска, 30 проценти од испитаните граѓани имаат антитела на коронавирусот, изјави деканот на Медицинскиот факултет во Бања Лука, Ранко Скрбиќ. Тоа се резултатите од студијата за серопреваленција на граѓаните.

Тој додаде дека 1.370 примероци биле обработени на локацијата под јурисдикција на овој факултет, пишува Српскаинфо.

„Одговорот на граѓаните беше добар, но поради технички причини, сè уште добиваме примероци од неколку здравствени домови“, рече Скрбиќ. Според него, официјалните податоци за целата РС ќе бидат достапни во втората половина на јануари.

„Досегашните податоци покажуваат дека во Бања Лука скоро 30 проценти од испитаниците имале антитела. Тој процент е 40 проценти во Приедор, 37 во Прњавор и 35 проценти во Србац“, додаде Скрбиќ.

Дејан Бокоњиќ, декан на Медицинскиот факултет во Фоча, вели дека биле анализирани 500 примероци во областа опфатена со овој факултет.

„Стапката на инфекција во регионот Требиње е 30 проценти, во регионот Фоча исто толку, во Источно Сараево и околните општини 50 проценти, во регионот Зворник помеѓу 40 и 50 проценти“, рече Бокоњиќ.

Тој нагласи дека на местата опфатени со споменатиот факултет, стапката на инфекција е околу 30 проценти.

Бранислав Зељковиќ, директор на Институт за јавно здравје на РС, рече дека студијата ќе продолжи и дека конечните резултати ќе ги имаат пред вакцинацијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина