Млада студентка по медицина наводно ги извадила срцето, белите дробови и цревата на својата мајка, а потоа мирно ја измила крвта под туш и се сретнала се своето момче, се вели во сторија која ја пренесува весникот „Њујорк пост“.
Ана Леиковиќ (21) од Комрат, Молдавија, прво ја избола со нож нејзината мајка Прасковја, која го преживела нападот. Ана тогаш започнала да ги вади органите.
„Леиковиќ е осомничена за ужасно злосторство. Таа со нож ја нападнала својата мајка, а потоа и’ ги извадила органите на живо“, објави весникот „Комсомолскаја правда“, повикувајќи се на полициски извор.
Кога Ана се појавила на суд, еден од новинарите прашал дали навистина на нејзината мајка и’ го направила сè тоа што и’ се припишува, а таа низ смеа одговорила само „збогум“. Како што пренесува „Дејли мејл“ младата Молдавка имала околу 9.500 следбеници на „Инстаграм“ и аспирации да стане познат модел.
Мајката се вратила од работа во Германија и верувала дека нејзината ќерка котисти дрога, па сакала да ја испрати на лекување, што веројатно ја поттикнало Ана да го стори ваквото злодело.
Истрагата за мотивот за убиството е во тек.