Утрински Весник
Македонија

Студентите се враќаат на предавања со физичко присуство

Студентите се враќаат на предавања со физичко присуство

Владата на денешната седница одлучи да се започне настава со физичко присуство на факултетите во земјата.

Притоа, како што наведе владината прес-служба, неопходно е почитување на препорачаните превентивни мерки за превенција од коронавирус Ковид-19, како што се задолжително носење заштитни маски во затворен простор, одржување на физичко растојание 1-2 метри, зачестена хигиена на рацете со задолжителна дезинфекција пред влезовите во предавалните, амфитеатрите, вежбалните, односно негрупирање и често проветрување на затворените простории, со препорака за вакцинација на студентите и наставниот кадар на факултетите во државата.

Владата на денешната седница одлучи и основците од утре да можат да посетуваат настава со физичко присуство без задолжително носење заштитна маска. 

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

Шестмина уапсени за организирање нелегални борби со кучиња

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот