Утрински Весник
Македонија

Студентите од УКЛО ќе добијат можност за летна пракса во општина Битола

Студентите од УКЛО ќе добијат можност за летна пракса во општина Битола

Битолската градоначалничка Наташа Петровска денеска оствари средба со проректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола и институционален Еразмус координатор, проф. д-р Марјан Ѓуровски, во функција на унапредување на заедничката соработка.

„Во текот на летните месеци им се дава можност на студентите да ги продлабочат и да се стекнат со нови знаења и вештини, што всушност се совпаѓа и со напорите што ќе ги преземаат УКЛО и градот Битола за реализација на универзитетска летна пракса“, се наведува во соопштението за средбата.

На истата соговорниците зборувале и за проектот на Центарот за кариера, алумни и доживотно учење при УКЛО, за преземање на заеднички активности со општина Битола и јавните претпријатија кои се во нејзина надлежност.

Пилот пректот „Универзитетска летна пракса“, би се спроведувал и во останатите општини.

Со цел успешно реализирање на вака конципираната идеја, преку повеќе активности ќе се даде можност за студенти на УКЛО да се вклучат во обавување практична работа во општината, нејзината администрација, јавните претпријатија кои се во надлежност на општина Битола, како и во одделните сектори во општината.

Периодот на реализација на ваквата активност, би бил во летните месеци, кога дел од вработените го користат годишниот одмор со целосна примена на епидемиолошките мерки. На тој начин ќе се направи спој на теоријата и нужната поголема пракса и искуство на студентите.

„Во престојниот период ќе се изнајдам механизми УКЛО и општината Битола заеднички да аплицираат на проекти кои би се реализирале преку европските образовани програми на ЕУ. Еразмус плус мобилноста дава можности преку престојот на странски студенти и нивното сместување да се организира во приватни капацитети за сместување со што ќе се помогне и домашната економија и стандардот на граѓаните кои официјално издаваат сместувачки капацитети. Во иднина ќе се направат напори да се создаде т.н. каталог на сместувачки капацитети кои може да се дадат на располагање и користење на странските студенти кои би дошле во размена на единиците на УКЛО, а со користење на средства од ЕУ ќе се помогнат домашните ресурси и капацитети во општината Битола и регионот“, рече на средбата проректорот и универзитетски професор Марјан Ѓуровски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Променливо облачно со повремен дожд

Се појавува ли „Јавна соба 2“? Фотографии од малолетни девојчиња се шират по група на Фејсбук

Кадриу: Одлуката на Уставниот суд е донесена под политички притисок